Охридскиот народен тетар во недела, 9-ти декември ќе ја изведе детската претстава „Свадбата на Итар Пејо“. Претставата ќе започне во 12 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Со оваа претстава, всушнот ќе биде промовиран нов термин на Охридскиот народен театар, кој се планира да биде редовен во 2013. Со тоа најмладата публика ќе има можност културно да се воздигнува и квалитетно да го исполни своето слободно време во неделите.