Охридскиот народен театар, синоќа, во Центарот за култура „ Григор Прличев“, премиерно ја изведе претставата „ На дното“ по текст од Максим Горки, а во режија на Кирил Петрески.
Иако претставата беше подготвена во релативно краток период, на сцената воочлив беше вложениот труд на актерската екипа, која уште еднаш го покажа големиот потенцијал и талент. Претставата се играше во подрумските простории на центарот за култура, специфична сцена која го симболизира амбиентот во кој се одвива дејствието, кое се занимава со човекот во потрага по вистината, тема која е актуелна и денес.
Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Павел Маслов, Горан Стојаноски и Стрезо Стаматовски кој игра две улоги- ликот на Михаил Костиљов и актерот.
Синоќешната е трета премиера на охридскиот Народен театар оваа сезона.
Претставата „На дното“ ќе се игра и денеска со почеток во 20 часот.
Г.М.