Охридскиот Народен театар во Ппеток на 16-ти октомври 2015 ќе гостува на фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово, со хит претставата „Детектор за лаги“ во  режија Ненад Витанов. Ова ќе биде 20-та јубилејна изведба на оваа претстава.

„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.

Претставата е приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија.

OhridNews