Народниот Театар од Охрид по повод Светскиот ден на театарот, во петок на 27-ми март со почеток во 12 часот ќе организира Презентација на членовите од Детското драмско студио.

Истиот ден со почеток во 13 часот, ќе биде изведена Детска претстава „Свињарот“ од Ханс Кристијан Андерсен во режија на Ѓорѓи Ризески, а според најавите со почеток во 20 часот ќе биде одиграна хит претставата „Детектор за Лаги” во режија на Ненад Витанов.

OhridNews