На 57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, во официјалната програма учествува и Охридксиот театар со претствата „Несфатената цивилизација“ од авторот Добри Војников, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Претставата ќе се одигра на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, денеска, 15 јуни, со почеток во 21.30 минути.
Фестивалот годинава се одржува под мотото „Враќање дома“ и на него учествуваат македонските национални театараски ансамбли во натпреварувачка конкуренција во повеќе категории.
OhridNews