Познатиот музичар и водител од Охрид, Мартин Србиноски, се наоѓа на првото место на топ листата Pure Adria Chart на MTV ADRIA со песната “Веќе мое не е”, информира неговата продукциаска куќа TWO HEARTS .

Покрај неколкуте водителски ангажмани во емисиите од забавен карактер, Мартин Србиноски се потпишува и како кант-автор на “Така и ќе остане” и “Веќе мое не е”. По дуетот со Тони Зен со кој ја изведува песната “Сега знам”, Мартин ја подготвува и четвртата по ред нумера насловена како ” Deja Vu “.

Мартин, низ неколкуте интервјуа, јавно веќе изјави дека воопшто повеќе не го интересира водителството, и дека со љубов и задоволство ке настојува да работи на музичкото поле.

ohridnews