Потврден е настапот на oхридскиот metalcore состав „Hardfaced„ на годинешниот „Exit“ фестивал во Нови Сад, Сррбија.
Hardfaced ќе настапат на 8-ми јули, вториот ден, и ќе ја делат сцената со имиња како „Kreator“, „Parkway Drive“, „Disharge“, „Anti Nowhere League“, „Arkona“, „Last Hope“, „Vendetta“ и многу други бендови од балканската и светската сцена.
Момците неколку пати имаат настапувано низ Србија, но „Exit“ ќе биде нивна официјална промоција на нивниот нов албум кој излезе неодамна.
Охридскиот метал-кор состав „Hardfaced“ на „Exit“
Годинава преставници од Македонија на „Exit“ ќе бидат „Суперхикс“, „Мизар“ и „Hardfaced“.