Во конкуренција на 100 млади бендови и артисти од земјава, охридската „лиду“ дружина The Author се најде меѓу победниците на отворениот конкурс за млади и неафирмирани бендови, кои оваа година ќе бидат дел од манифестацијата „Пиволенд“ во Скопје.

Тие ќе имаат шанса да бидат дел од главната сцена, свирејќи заедно со најдобрите македонски бендови и артисти како Леб и Сол, Мизар, Д Џон и останатите.

Една од најважните цели на фестивалот Гурмански викенд со пиво- Пиволенд, освен дегустација на пиво е поддршка и развој на македонската култура и музика , па во тоа својство организираше отворен повик и конкурс за млади и неафирмирани македонски бендови и артисти.  По долго и исцрпно преслушување на материјалите испратени од повеќе од 100 млади артисти групи и диџеи , жири комисијата се одлучи за следните бендови: Problem solved, Smoke shakers, Tyte (drom records), Spank , Marlon Brando Bend и The Author.“ – велат организаторите.

Оттаму информираат дека наскоро ќе следи и програмата на “Фреш” сцената која ќе обезбеди позитивен импулс и свежина на фестивалот , но и можност за докажување на младите македонски артисти чие време допрва доаѓа.

OhridNews

Упорноста се исплатеше, охридскиот бенд „The Author“ го издаде деби-албумот „Чао, чао“