Во конгресниот центар „Бајрампаша“ во Истанбул каде што е во тек “Форумот за добрососедство и солидарност” на педесеттина општини од 12 земји на Југоисточна Европа, вчера беше презентиран и охридскиот културен туризам.
Охрид е единствената општина од Македонија која е поканета да учествува на овој значаен собир.Тричлената делегација на Охрид, која е предводена од градоначалникот Александар Петрески, оствари бројни контакти и корисни средби со делегации на други општини.
Во знак на афирмација на Охрид, градоначалникот Петрески на домаќинот на Форумот му врачи уметничка слика со мотив од крајбрежието и стариот дел на Охрид.
Охридскиот културен туризам презентиран во Истанбул