Охридскиот клуб во бразилско џиу џица „Roots BJJ Ohrid“ заврши втор во генерален пласман на Државното првенство кое вчера во организција на клубот „The Strongest & Roots BJJ Kumanovo“ се одржа Куманово.
Клубот од Охрид настапи со 23 натпреварувачи а успеа да се закити со 25 медали. Вкупно шест одличја се со златен сјај а се освоени во разни категории.
Освојувачи на златни медали се сениорите Илија Аврамоски -91,5 кг плави напредни појаси, Марио Аврамоски -91,5 кг бели појаси, Мартин Данев -79,5 кг бели појаси и Владимир Дукоски -67,5 кг бели појаси и јуниорите Христијан Чолески -45 кг жолти појаси и Георги Прензоски -65 кг жолти појаси.
Сите охридски натпреварувачи без разлика на освоените медали, како и тие што не успеаа да се качат на подиумот, покажаа голем борбен дух и се претставија себеси и Roots BJJ Ohrid во најдобро светло. – изјавија тренерите Благоја Трајчески и Дејан Чолески.
Останатите медали се 9 сребрени и 10 бронзени, што на охридскиот клуб му обезбеди второ место во конечниот пласман. Победник во Куманово беше клубот The Strongest & Roots BJJ Skopje
OhridNews