Женскиот ракометен клуб „Моби Дик“ се збратими со екипата Радан од Србија. Охриѓани на ракометарките од Радан им беа тридневни домаќини и заедно уживаа во знаменитостите и убавините на Охрид.
– Прво мораме да му се заблагодариме на домаќините за одличната дружба и домаќинството кое беше без грешка. Сите ние сме фасцинирани од градот и неговите убавини. Домаќините многу не задолжија бидејќи три дена ни посветија внимание кое ретко се добива во други градови и земји – рекоа од клубот.
Од охридскиот клуб им приредија изненадување на гостите откако го посетија Свети Наум место кое остава без зборови.
Екипите одиграа контролни натпревари, но резултатите беа во втор план бидејќи дружењето беше во прв.
Мх.П.