Теквондистите од Охридскиот клуб „Хваранг Фист“ земаа учество турнирот „Аеродром Опен 2025“ со кој започна новиот лига систем на Македонската таеквондо федерација (МТФ). Клубот на првиот натпревар за оваа година настапи со 12 натпреварувачи.
За жал сезонскиот грип не ни дозволи да ги одработиме припремите како што треба, а нашиот репрезентативец Ненад Целески беше спречен и воопшто да не учествува на турнирот. Резултатите очекувани со мали одстапки и пропуштени шанси за бодови на лично и клубско ниво. Нашите кадетски репрезентативци Петар Петкоски и Јана Спироска очекувани најдобри во своите категории, информираат од клубот.
Ѓорѓи Петкоски ја загуби финалната борба и освои сребро, Ахмед Синан после одлична прва борба во полуфинале не можеше да продолжи заради повреда на ногата па мораше да се задоволи со бронза.
Ева Милошеска, Љубица Митреска сребрени во своите категории, Јована Јовческа бронза, и за крај најмалиот Максим Ристески кој после лавовска борба со претставникот од ТК Феникс, ја загуби борбата дури во третата рунда и тоа со поен разлика во последна секунда па остана само со бронзен медал.
Емилија Целеска, Доротеа Најдеска, Ристе Ѓелески и Анастасија Спироска и покрај добрите борби не успеаа да стигнат до медал и бодови за себе и клубот. Екипата ја водеше тренерот Ацо Јосифоски и помошник тренерот Миа Спироска.
Со овој турнир Македонската таеквондо федерација (МТФ) започна лига турнирски систем на натпреварувања. Согласно одлука на собранието во текот на една натпреварувачка година ќе се организираат шест домашни турнири кои ќе носат бодови за финалното годишно рангирање на најдобрите клубови и спортисти.
Турнирите ќе бидат организирани од клубови членки на МТФ со целосна техничка поддршка од страна на федерацијата. Бодувањето се врши согласно усвоен правилник исто така донесен со одлука на собрание на МТФ. После секое бодување од страна на стручната служба на МТФ, секој клуб може да има увид во пресметаните бодови.За домашното рангирање се земаат во обзир само домашните турнири од лига системот, за севкупното рангирање се земаат во предвид и меѓународните турнири одредени согласно правилникот за бодување на МТФ, посочуваат од клубот „Хваранг Фист“
OhridNews