Охридскиот фестивал на француски филм  ќе организира фестивал на македонскиот филм во Франција еднаш годишно. Ова го најави Јордан Плевнеш еден од иницијаторите и организатори на фестивалот во Охрид. Во изјава за медиумите Плевнеш го најави репертоарот на второто издание на фестивалот на франсуксиот филм, кој ќе се одржи од 28 јули до 4 јули.

– Ова издание ќе биде можност да ги откриеме најновите остварувања на врвните имињаа на француската и светската кинематографија како Коста Гаврас со филмот „Патување на запад од рајот“, филмот „Тишината на Орна“ од браќата Дарден кој што имаше екслузивен успех во светот, филмот на Ал Фонтен „Коко Шанел“ кој за прв пат ќе биде прикажан на Балканот и се разбира нашиот ексклузивен гостин Шарл Азнавур кој на една од најгледаните француски телевизии изјави дека наскоро ќе ја посети Македонија и тоа ќе биде откривање на една од најдлабоките точки на европската цивилизација, изјави Плевнеш.

Ohridnews