Меѓународниот хорски фестивал што  во организација на охридскиот хор од 27 до 31 август се одржа во Охрид го опреавда високото реноме. Учествуваа четириесет хорови од  четиринаесет земји, кои во прекрасниот амбиент на Дијамантската сала на хотелот Инекс Горица иво црквата Св.Кирил и Методиј одржаа 11 концерти и тоа 6 натпреварувачки концерти, 2 концерти на духовна музика. За успешноста говори и одличната посетеност на концертите кои секојдневно ги следеа по околу 500 гледачи.

Крајот на Фестивалот го одбележа големиот гала концерт каде настапија најдобрите хорови кои се натпреваруваа за големата награда на Охридскиот хорски фестивал која ја оасвои хорот „Груднове шмикле“  од Железники, Словенија под раковотство на Маијета Наглич.
 
Сите хорови изведуваа по едно дело од македонски автор на македонски јазик а специјани награди за изведба на дело од македонски јазик добија хоровите „Вива воче“ од Унгарија за изведба на компоозицијата „Оздола иде“ од Драган Шуплевски, хорот „Славенски“ од Србија за изведба на „Хумореската бр 2“ од Живко Фирфов и Нишкиот мешан хор од Србија за изведбата на композицијата „Бисера“ од Стојче Тошевски.


 
Организаторот  понуди и богата програма на отворено – хоровите секојдневно настапуваа на различни локации во Охрид и околината. За време на одржувањето на Фестивалот Охрид претвора во една голема музичка сцена, и убавата хорска музика отпеана на толку различни јазици , го исполнува градот, совршено вклопувајки се во неговиот амбиент.


 
Охридскиот хорски фестивал прераснува во најголема , најквалитетна и најзначајна хорска манифестиација во овој дел од Европа рамо до рамо со големите Европски Хорски Фестивали, истакна проф. Бранко Ѓурковиќ, а исклучително позитивни беа и ставовите на големиот број струшни лица присутни на фестивалот.


 
Идеен зачетник, и претседател на организационит одбор  е флејтистот  и диригент на Охридскиот Хор магистер Александар Димоски. Охридскиот хор, постои три години, и беше основан со цел заживување на Хорската уметност во градот Охрид. Хорот секоја година одржува по неколку хуманитарни концерти во Охрид, а  имаат настапувано и на Хорски фестивали вон Македонија. Охридскиот Хорски Фестивал годинава беше поддржан од Општина Охрид, а изостана помош од Министерството за култура.

Ohridnews