Охридскиот хор Vox Lychnidos денес настапува на Меѓународниот хорски натпревар во Херцег Нови. Диригентот на хорот Бурим Хидри потенцира дека имаат подготвено посебна програма за овој натпревар и ќе ги изведат композициите „Sicut cervus“, „Konj“, „Besame musho“, како и „Капетан“ од охридскиот композитор Гоце Гарвиловски.
Сцената ќе ја делат со хорови од Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. На фестивалот се натпреваруваат 20 машки, женски и мешани хорови од девет земји.
Хидри изрази надеж дека ќе имаат одличен настап и се надеваат на освојување награда.
По враќањето од Црна Гора хористите продолжуваат со редовните проби и ќе се подготвуваат за учество на фестивал во Темишвар следниот месец.
OhridNews