Група младинци од Охрид, во рамките на градскиот хор  на 14.04.2007 настапи  во Благоевград, Бугарија на Меѓународната средба на младински хорови  која се одржа од 13-15. 04. 2007 год.

На средбата  учество зедоа хорови од Бугарија ,Македонија и Србијакои престојуваа во студентското одмаралиште “Бачиново“. Нашата држава ја презентираа околу 40 младинци  од 15 до 18 години, преводени од диригентот М-р Александар Димоски кој воедно е  професор по музичка  уметност во гимназијата во Охрид. 


охридскиот хор

Охридскиот хор   изведе седум композиции од македонски и странски автори и во силна конкуренција достојно ја претстави нашата држава и градот Охрид . За време на престојот во Бугарија  се воспоставија пријателски контакти со учесниците и се очекува наскоро нивна посета на Македонија.

Во рамките на своите оактивности хорот на градот Охрид во иднина ќе изврпи  прием на поголем број членови од различни возрасти, а интенција е  хорот да се стекне со ќ меѓународна афирмација.

подготви:
Тара Петковска