Охридскиот херој Марко Пејчиновски, утре ќе плива на релaција Радожда – Трпејца (Стог) – Градиште во должина од 24 километри.

Ова е негово последно препливување за овој месец, а седмо по ред од предвидените десет ова лето.

На 24 јули Марко го преплива Охридското Езеро од Струга до Градиште во должина од 22 км, за време од 6:53:20 часа.

Како што е познато, Марко ова лето си постави предизвик пред себе да преплива 10 различни делници на Охридското Езеро во вкупна должина од 250 километри.

OhridNews