Со песната „Truck & Roll“ охридскиот хард-рок состав „The Backdoor Band“ оваа година ја претставува Македонија на светскиот музички натпревар во организација на www.globalrockstar.com

На ова он-лајн натправарување учествуваат претставници од 196 држави и 6 wild card учесници.

Гласањето за светскиот натпревар започнува денеска и е групирано во неколку елиминациони циклуси, односно може да се гласа по еднаш на секои 24 часа со регистрирање од фејсбук профил и по еднаш на секои 24 часа со регистрирање преку твитер. Исто така може да се гласа и преку Rock&Vote каде се донира и симболична цена за самиот бенд. Музичкиот натпревар завршува  на 20-ти декември 2014 кога се прогласува и победникот.

И минатата година како победници на националниот натпревар, „The Backdoor Band“ ја преставуваа нашата држава на ова светско натпреварување со песната „На Задна Врата“ и стигнаа до последниот круг на елиминации пред големото финале. Оваа година со поддршка од публиката се надеваат дека ќе успеат да стигнат до големото финале односно до најдобрите 10.

Главната награда за победникот изнесува 25.000 долари, а за второто и третото место се доделува вредна опрема од познатиот бренд АKG.

OhridNews