Пецивата на „Жито леб“ од денеска се продаваат по цена за 50 отсто повисока од досегашната.
По бранот поскапувања на маслото очекувано беше и поскапувањето на останатите основни прехрабмени производи.
Денеска печивата се продаваа по нови цени . Заштитниот знак, охридскиот варен геврек од денес место 10 ќе ве чини 15 денари, а покачени се цените и на останатите производи кифли , сарајлии , пинерли , лајбици…
Единствено белиот леб ќе ја задржи претходната цена .
Пријатен појадок ! ! !
Мирко Постоловски