Фудбалот во Охрид продолжи да тоне и веќе неколку години се наоаѓа на дното. Од следната сезона градот ќе нема ниту еден свој претставник во Третата лига, а апсурдно е да се зборува и помислува за Втората и Првата лига.
Охридскиот фудбал во Третата лига го претставуваше тимот на Вулкан состевен од поранешни играчи на Охрид 2004 и Охрид Лоте .
Но, сезоната што измина Вулкан ја заврши на последната позиција на табелата што значеше испаѓање и префрлување еден ранг подолу односно Општинска лига.
Во обидот за влез во Третата лига по ранг во Македонија не успеаја екипите на Лакочереј и Сатеска кои преку Општинската лига обезбедија место во баражот.
Шампионот во ОФЛ, Лакочереј беше сопрен уште на стартот од Поешево додека Сатеска претрпе пораз од Пролетер во втората рунда во бараж средбите.
Пласман во Третата лига по бараж мечевите изборија екипите на Поешево и Лирија со што се комплетираа учесниците во Третата лига за следната сезона.
Мх.П.