Во чест на патронот и заштитникот на Охрид и Македонската православна црква, Свети Климент Охридски, денеска  во Њујорк, на Менхетен во Купер Институтот за наука и уметност ќе биде отворена изложба на фотографии на охридскиот автор Зоран Вељановски – Летра.

Ќе бидат изложени 30 фотографии на која е претставена природната убавина на охридско-преспанскиот регион, како и богатото културно наследство. Меѓу другите ќе се најдат и фотографиите на Златната маска од фигурата на Дедал од Македонија и ракописи од 10. век.

Според Вељановски, ова ќе биде добра можност љубителите на фотографијата во Њујорк да се запознаат со културно-историските и туристичките вредности и потенцијали на Охрид, а изложбата на фотографии ќе биде поставена и во неколку други градови во САД. Изложбата ќе ја отвори Јордан Плевнеш.

Зоран Велјаноски-Летра е роден во Охрид во 1965 година. Со фотографија се занимава 30 години. Реализирал седум самостојни изложби во Македонија, Албанија и во Кина, а учествувал на многу групни претставувања во земјата и во странство.

Г.М.