Синоќа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена третата самостојна изложба на фотографии од охридскиот уметник Петар Боев, во рамките на „Летен културен бран“.

Љубителите на уметноста имаа можност да се запознаат со ремек делата на нашиот сограѓанин преку 37-те изложени панорамски фотографии, кои го овековечуваат Охрид на еден автентичен и уникатен начин.

37-те творби опфаќаат различни мотиви од Охрид како вечна инспирација не само за фотографите, туку и за сите уметници. Целта е да ја оствариме уметничката вредност и да ги постигнеме критериумите неопходни за современата фотографија. Ова нека служи како предизвик за сите фотографи да продолжат со професијата и да ги овековечуваат моментите и љубовта преку своите објективи.“ – вели Боев.

Како што потенцира нашиот сограѓанин, љубовта спрема фотографијата е неисцрпна, а целокупниот процес претставува развој во освојувањето на фотографската техника за исполнување на критериумите кои ги бара современа фотографија.

„Преку разговорот со посетителите и гостите, на кои ќе им се допадне или не она што е изложено, се обидувам да го увидам својот прпоуст, а од друга страна моето искуство и новите моменти на времето и светлината да ме привлечат да фотографирам. На еден начин се е поврзано. Некогаш имате фантастичен залез на сонцето, а самата инспирација доаѓа спонтатно во текот на денот. Ќе ја добиете таа внатрешна потреба да излезе да ги земете фото-апаратот без разлика на временските услови. Едноставно да го исфрлите од себе она што ве инспирира за да направите добра фотографија.“ – додава Боев.

Охридскиот фотограф вели дека без пружената помош од општината и градоначалникот Никола Бакрачески, оваа изложба нема да била реализирана.

Оваа изложба е во рамките на програмта на Министерството за култура како Летен културен бран. Но сакам да потенцирам дека ја добив неопходната поддршка од општина Охрид и градоначалникот Бакрачески. Изложбата ја спремивме во многу краток период од осум дена, а до последен момент не знаев дали ќе биде реализирана поради финансиските средства. Во секој случај, истата претставува промоција и публикација на фотографијата како уметност.“ – истакнува Боев.

Пред присутните во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се обрати охридскиот академскиот сликар Славко Упевче, кој потенцира дека Боев се грижи да го овековечи величествениот Охрид на еден автентичен начин.

Боев го овековечува Охрид низ фотографиите. За сите овие творби може да се каже дека претставуваа посебно ремек дело, каде моментот е одбран во текот на 365-те дена во годината. Се надевам дека сите тие часови во исчекување да се долови тој момент, не се залудно помминати. Самите слики зброуваат целокупната макотрпна работа на Петар.“ – истакна Упевче.

Изложбата насловена како „Тhe sound of light Series 3“ ќе биде отворена до 27-ми август во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид како дел „Летен културен бран“.

O.T.