– За Албанија, за Албанците и за регионот, мирот, стабилноста и интегритетот на Македонија се од една приоритетна важност и од суштински интерес, истакнал Бериша, нагласувајќи дека Албанија ги поддржува стабилноста и интегрирањето на Република Македонија во евроатланските структури.
Владата на Р. Албанија
Според вицепремиерот Адеми ,Охридскиот договор ги ставил основите на заедничката држава во која секој граѓанин ќе има еднакви права. Тој се заблагодари на поддршката што Албанија и ја дава на Македонија во процесот на интегрирање на земјата во НАТО, потенцирајќи дека само мирот и стабилноста е единствен пат кој гарантира евро-атлантска перспектива на регионот.
Вицепремиерот Адеми во Тирана учествува во дводневниот Форум „Кран Монтана“.
фото: Ричард Калајџи