Охридскиот клуб за Бразилско Џиу Џицу „Roots BJJ Ohrid“ со вкупно 32 одличја (12 златни, 7 сребрени, 13 бронзени) како второпласирани во екипна конкуренција го заврши турнирот кој се одржа изминатиот викенд во Велес.

„Roots BJJ Ohrid“ на турнирот настапи со 21 натпреварувач во две дисциплини GI (со кимоно) и NO GI (без кимоно) и во повеќе возрасни и тежински категории.

– Ова е голем успех за клубот од Охрид и е потврда за напорната работа на целиот тим. Задоволни сме од прикажаното на борците од клубот кои најавуваат уште успеси во иднина. – изјавија тренерите Благоја Трајчески и Дејан Чолески. 

Следен предизвик за охридските џиу џицу борци ќе биде интернационалниот турнир за Бразилско Џиу Џицу „Ohrid Open Jiu Jitsu Tournament II“ кој ќе се одржи во Охрид на 27 Мај во организација на Roots BJJ Ohrid. 

OhridNews