Денеска, во водите на Охридското езеро се изврши пробна пловидба на новоизработен примерок од познатиот охридски чун. Во наредниот период ќе се поставува и настрешница на чунот, ќе се изработува рекламен материјал, по што ќе следи и негова официјална промоција.

Денешната пробна пловидба се изврши со цел да видиме како чунот ќе се одржи на вода, да се види неговата пловност, оптовареноста и слично. Овој чун ќе биде изложбен примерок, а има најави дека ќе се изработуваат и комерцијални чунови, информира Горан Патчев од охридскиот Завод и музеј.

Чунот е изработен од страна на столарот Горан Димоски. Во рамки е на проектот добиен со донации од шведската организација преку повик за грантови од Балканска музејска мрежа, а финансиран од фондацијата „Ставрос Нијаркос“.

Во наредниот период се очекува Завод и музеј Охрид да потпише меморандум за соработка со Комората на знаетчии, со цел понатамошна соработка при изработувањето на мали модели од охридскиот чун кои ќе се продаваат како сувенири.

OhridNews