Боксерскиот клуб „Алекско Огненовски“ од Охрид ја освои вицешампионската титула во Елитната боксерска лига во нашата земја.
Во последната рунда за оваа сезона охридските боксери со победи рутински ја задржаа бодовната предност во однос на тимот на Тернипе кој заврши на третата позиција. Со титулата најдобар боксерски клуб во Елитната лига се закити Чаир од Скопје кој имаше две учества повеќе од охриѓани во Елитната боксерска лига.
Годинашниот успех на боксерите од охридскиот клуб кој во текот на сезоната ги доби потребните документи за настап во македонската боксерска лига е мотив повеќе за добра подготовка за што подобри резултати следната сезона.
OhridNews