– Балканскиот турнир беше мошне квалитетен. Учествуваа боксери кои ги преставуваат државите на сите големи натпревари, затоа сум презадоволен од мојот пласман – истакна Лескароски.
Покрај сребрениот медал, Лескароски се закити со наградата за најборбен боксер на Балканскиот турнир во Косово.
За охридските боксери нема одмор, Сашо Лескароски и Бојан Ристески на екстра квалитетниот турнир “Странџата“ во Бугарија, ќе ги бранат боите на македонската репрезентација.