Во рамки на петтото коло од Регионалната бокс лига, синоќа македонската екипа “Вардар” ги вкрсти ракавиците со екипата на “Жељезничар” од БИХ.
Единствениот претставник од Охрид Арсим Етеми кој доаѓа од клубот на Алексо Огненовски извојува победа над својот противник Алин Шала од тимот на Жељезничар со убедливи 4-1 на поени во категоријата до 81 килограм. Имено, македонската екипа Вардар на домашен терен во Скопје, во салата “Борис Трајковски го победи тимот на Жељезничар со резултат 14-6. Двомечот беше прикажуван во живо на каналот Арена Фајт од Србија.
OhridNews