Охридскиот бодибилдер Гоце Мојсоски престојниов викенд ќе настапи на Светското првенство во Марибор, Словенија. За охриѓанецот ова е второ учество на манифестација од светски рамки откако мината година го освои бронзениот медал во Порторож.


– Конкуренцијата на Светсткото првенство ќе биде многу голема како во Порторож, но тоа мене не ме загрижува бидејќи јас се осеќам подготвен да отидам едно или две скалила погоре од пласманот минатата година – рече Мојсоски.


Подготовките за настап на Светското првенство според Мојсоски не се воопшто лесни бидејќи треба да се максимум во секоја една вежба, а ги прави во фитнес центарот „Фит Форм“.


– За Светското првенство почнав да се подготвувам веднаш штом се вратив од минатото. Како што одминуваше времето така го зголемував темпото на тренинзите. Посилните тренинзи ги правам претпладне, а оние полесните попладне – додаде Мојсоски.


Тој се заблагодарува на Општината Охрид и Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ кои се главни покровители за неговиот настап и останатите спонзори кои несебично го поддржуваат.

Мх.П.