Охридскиот метал бенд Hardfaced, на YouТube каналот го промовираше видеото за својот втор сингл “Implored by Hate” од нивниот четврт албум “Dreamless Slumber At The Shores Of Youth”.

Видеото е снимено за време на концертната промоција албумот на бендот, која се одржа на 15.02.2020 година во Младинскиот Културен Центар во Скопје, од страна на Александар Цветаноски, кој исто така е потпишан и како монтажер.

Hardfaced се формирани во Охрид во 2004 година и зад себе покрај “Dreamless Slumber At The Shores Of Youth” имаат издадено уште три студиски албуми: “More Than Hate” – 2007 , “Show Them What They Fear” – 2011 и “Dying Lake” – 2014. Бендот го сочинуваат: Димитар Савески – вокал, Јован Наумоски – гитара, Горан Вељаноски – гитара, Јордан Маленко – тапани и Љупчо Стефаноски – бас гитара.

“Dreamless Slumber At The Shores Of Youth” е во издание на Diehard records, сниман е во Македонија и Шведска, а мастеринг и микс на албумот направи Lasse Lammert LSD studio од Германија.

Поради новонастаната ситуација со вирусот Covid-19, бендот ги одложува закажаните концертни промоции во Белград и Софија и порачуваат граѓаните да останат во своите домови овој период, за сѐ да заврши што побрзо и без посериозни последици.

OhridNews