Охридските атлетичари во машка и женска конкуренција се закитија со златниот медал за севкупен во Купот на Македонија, кој се одржа на „Филип Втори“ во Скопје.


Атлетичарките на Охрид со одличните резултатите го обезбедија првото место со 53 бодови. Три помалку од Охрид на втората позиција имаше Куманово додека на третопласирана заврши екипата на Студенти.

Машките за еден поен не го освоија првото место на пиедесталот и се најдоа на втората позиција после тимот на Работнички. Третопласиран во машка конкуренција беше Куманово.

Со 111 бодови охридскиот клуб беше прогласен за севкупен победник пред Куманово (101) и Работнички 63.

Мх.П.