Охридскиот атлетски клуб ги освои трите пехари во Купот на Македонија за младинци. Охриѓани триумфираа во машка, женска и севкупен што ги прави апсолутни победници на овогодинешното издание од Купот.


Во машка конкуренција А.К. Охрид први места освои во скок во далечина (Јован Мечкаорски 6.06), 400 метри (Ѓоко Јандриески 52.49), 4×100 штафета (47.13), трискок (Христијан Алачоски 12.19) и штафета 4×400м (3,41.52).

Кај дамите Мартина Мироска триумфираше во две дисциплини 100 метри со пречки (17.40) односно скок во далечина (5.06) и 100м (Ангела Секуловска 13.15).

Мх.П.