Единствениот македонски атлетичар на Европското првенство до 23 години во Шведска, Јован Стојоски ќе учествува во финалето во дисциплината 400 метри.
Членот на охридскиот клуб во една од двете полуфинални групи со време 47 секунди и 2 стотинки се пласираше на третото место што беше доволно за историски пласман во финалето.
Финалето на 400 метри ќе се одржи в сабота на 13 јули со почеток во 18 часот и 32 минути.
Стојоски висок пласман ќе брка и на 200 метри, но сигурно целиот фокус ќе го стави на финалето на 400 метри.
OhridNews