Големиот талент на македонската атлетика, поранешниот член на Атлетскиот клуб „Охрид“ Селман Реџеп веќе шест месеци се наоѓа во Германија каде под водство на Андреас Генц тренира трискок во АК „Келн“.
Реџеп во Бирмингем допатува со прескокнати 14,38 м од митингот во Дортмунд на 27 јануари. Негов најдобар резултат во оваа дисциплина е 14,72 м.
Во силната трискок конкуренција во Бирмингем со најдобар резултат сезонава допатува Швеѓанецот Кристијан Олсон 17,44. Меѓу него Британецот Нејтан Даглас , Португалецот Нелсон Ивора и Русите Александар Петренко и Александар Сергеев ќе се бараат носителите на медалите.
Покрај Селман Реџеп во Бирмингем Македонија ќе ја представува и Далибор Спасовски кој ќе настапи на 400 метри.