Најдобриот македонски атлетичар според ИААФ, Јован Стојоски е нов стипендист на Македонскиот олимписки комитет. Стојоски кој е член на охридскиот атлетски клуб договорот го потпиша во присуство на првиот човек на МОК Васил Тупурковски и претседателката на Атлетската федерација на Македонија Александра Војнеска Зикова. Стипендијата треба да му донесе подобри услови за подготовки на Стојоски за учество на Летните олимписки игри во Токио.
Исклучително сум среќен за оваа помош и активност од страна на Македонскиот олимписки комитет и верувам дека со оваа помош и секако, со помош на Атлетската федерација на Македонија и другите помагатели, ќе постигнам свој најдобар резултат и успешно ќе ја претставувам Македонија на ЛОИ во Токио, кои ќе се одржат во 2021 година – изјави Стојоски.
Најдобар резултат на Стојоски на 400 метри е 46,92 секунди. Негов тренер е Марина Мишиќ, а претходно тренер му беше починатиот македонски атлетичар, Исмаил Мачев.
OhridNews