Полскиот град Торун од 5 до 7 март ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во сала на кое македонската атлетика ќе има еден натпреварувач во Јован Стојоски.

Македонскиот атлетичар кој ги браните боите на Атлетскиот клуб Охрид пристигна во Торун и се подготвува за својот настап во квалификациите во трката на 400 метри, што е на програмата в петок.

Учеството на нашиот атлетичар на ова големо првенство ќе има директно влијание во ранкинг-листата на Светската атлетска федерација, според која ќе се распределуваат и слободните места за летните Олимписки игри во Токио, соопшти Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Освојувачот на златниот медал на 3.000 метри на неодамнешното Балканското првенство во Истанбул Дарио Ивановски, беше принуден да го откаже настапот на Европското првенство во Полска поради позитивен тест на коронавирус.

OhridNews