Атлетичарот на Охрид, Славчо Мирчевски заедно со уште шест репрезентативци ќе ја преставуваат Македонија на Балканското првенство во сала во Истанбул, Турција.
Покрај македонската експедиција на Балканското првенство ќе учествуваат уште 14 држави, а преставници на Македонија се Валбона Селими (60 метри), Ристе Пандев (60 м.), Дрита Ислами (400м.), Кристиан Ефремов (400м.), Александар Стојановски (800м.), Јованче Јанкоски (височина), Славчо Мирчевски (далечина).
Еден од трите селектори кои го сочинуваат стручниот штаб на селекцијата е тренерот на Атлетскиот клуб Охрид, Влатко Димитров.
Мх.П.