1 Април – Денот на Државниот Архив, Подрачното одделение Охрид ќе го одбележи со документарна изложба насловена „Промотивен материјал од прикажани проекции на филмови во кино Охридско Езеро за период 1939 – 1941 година“.

На оваа изложба охриѓани, а и сите посетители на нашиот убав град Охрид ќе имаат можност да се запознаат со рекламниот материјал (плакати) од филмската продукција на познати светски класици, велат од Архивот.

Урбаната изложба ќе биде поставена на мини плоштадот кај „Мини маркет“ на 1 и 2 април во периодот од 10:00 до 15:00 часот.

Поканети се сите љубители на раритетни и несекојдневни документи од нашиот Охрид, додаваат од Архивот.

OhridNews