Архивот Охрид како регионален за повеќе општини, а во склоп на Државниот Архив се залага за откривање и публикување на личности кои и тоа како имале значение низ минатото. Еден од многуте е и Наум Џуклески, кој што од денешна перспектива има огромно историско значење, велат од Архивот.

Се со цел да не се заборави историјата за овој деец а и многумина такви, Архивот Охрид започнува со акција за изнаоѓање на матријали и давање на поддршка во афирмацијата за ликот и делото на Наум Џуклески, но, и многумина други кои на свој начин допринеле за подобро утре, потенцираат.

Истакнуваат дека според усмените и писмените сведоштва особено од с. Лескоец Охрид, Наум Џуклески со неговото несебично залагање бил значаен во благородната мисија и при воспоставувањето на првото училиште во с. Лескоец.

Меѓудругото со голема радост отстапил и дел од неговата куќа кадешто живеел со своето повеќебројно семејство, а со цел непречено да започне со работа училиште каде што ќе се едуцираат мадите генерации на с. Лескоец, а во неговиот дом го сместил и учителскиот кадар.

Очекуваме своевидна поддршка од сите заинтересирани за збогатување со документи и сведоштва за значајни локални дејци од општините под покровителство на Архивот Охрид, додаваат.

OhridNews