Охриѓанецот Стефче Шулески стави точка на водењето на правдата на фудбалските терени откако се повлече од судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија.
Шулески повеќе од 15 години беше „главна свирка“ во македонскиот фудбал и совесно и максимално професионално ја одработуваше својата задача.
Тој со долго соопштение му се обрати на „фотелјашите“ во ФФМ и објави крај на својата судиска кариера.
– После подолго размислување и борба со самиот себе, се решив конечно да ти удоволам барем на една од твоите желби и да ти дадам причина конечно да ме избришеш од листата на фудбалски судии бидејќји судиски и човечки колку и да ги бараше – никогаш немаше да ги најдеш. И јас како секој судија сум правел грешки, па луѓе сме, но тврдам дека никогаш не сум ги направил со намера и под нечија директива. А токму такви судии тебе ти требаат, такви бараш, па кога виде дека во мене нема да најдеш таков „играч“ почна постепено да ме тргнуваш и да бараш некои безмислени грешки, иако освен тебе никој друг ниту еден друг нормален и стручен човек не можеше да ги види.
Сѐ почна по по еден натпревар по кој ми беше ветено да го судам Суперкупот за сметка да победи вашиот фаворит. Сигурно очекувавте да се глупирам и да правам мајмун од себе, да судам против своите принципи, ама нормално се изкажавте. Јас не сум еден од вашите извршители на наредни само да би судел 1, 2 или 3 повеќе натпревари од „останатите“. Кога мислам на останатите тука се подразбираат сите судии со исклучок на нашите интернационалци. Ова не значи дека некого омаловажувам, напротив, некои од нив многу ги ценам и како колеги и како луѓе, но никој не е толку доминантен и подобар да суди десет пати повеќе од мене.
А, кога би судел еднаш на две-три кола, кои натпревари би ги судел? Погледнете ги криминалните делегирања и многу нешта ќе разберете – кој, колку и на кои натпревари се делегираат. Господа во ФФМ, направете ги сите натпревари да се играат во 2-3 дена со простор од 3-4 часа меѓу нив како би можеле да стигнат 3-4 судии на сите натпревари бидејќи секако на сите финалиња, дербија, сите поважни натпревари ги судат едните исти.
Бидејќи „срце“ Дуле (како што ти милуваш да кажеш) си во л… до гуша и твојот изопачен ум не може да произведе ништо друго. Па, на споменатиот меч јас сум судел за некоја трета екипа, иако по завршувањето на истата домашната, гостинската и контролорот кој е еден одличен човек беа презадоволни од мојата арбитража. Само Вас не ви одговараше како таа заврши. Ама, вие никогаш не делегирате по стручни мислења, туку по ваше видување дали судијата си ја „завршил работата“.
Изгубени се сите судиски критериуми, правилата веќе не важат или се тумачат така како ви одговараат вас и на тие околу вас. Нема веќе валидност на физичките проверки, кои е запишан во китапот на Дуле и четири пати, повтрувам ЧЕТИРИ ПАТИ во една сезона да не истрча ќе суди повеќе од другите. Жалната вистина е дека судиската фела од своето формирање на олку ниски гранки никогаш не била.
Денес да би судел треба да имаш други квалитети, само не судиски…
Дојде на ред сега друг натпревар во второто пролетно коло каде инкогнито можеби и маскиран дошол неговата еминенција г-дин Дуле во својство на најголем судиски стручњак (жално е да се полемизира за неговата судиска стручност) да „бара“ докази за мојата „блискост“ со гостинската екипаа и немајќи за што да се фати, се фатил за досудениот пенал во корист на таа екипа, иако за истиот немаше никакви негативни реакции ни од домашните, ни од контролорот на тој меч, а дури и реакцијата на тренерот беше насочена кон играчот што го направи прекршокот, што се јасни показатели дали истиот бил правилно или не. Повторно Дуле, во улога на најголем патриот (сигурно не е повеќе од мене) ќе ја спасува државата (така тој во афект на патриотизам се изразува), па измислува дека прекршокот е надбор од шеснаесетникот, па истоот му го презентира и на стручниот одбор, а тие бидејќи од снимката не можеле да одлучат оставиле тој да си игра со судиската и животната судбина на еден обичен смртник каков што сум јас. Ама, за беља, сосема случајно (кога по Господ не си фрлал со камења) во медиумите излегува слика која за чудо е толку прецизна, што и слепите на кои им било мрак на снимката сакале или не сакале – ќе прогледаат.
Со ова, а има уште многу работи да се пишуваат свесно си ги затворам вратите во оваа судиска организација во која да бидам искрен – срам ми е да бидам и под чест ми е да фигурирам. Да не бидам погрешно разбран, јас имам голема почит кон некои од моите колеги, но едноставно за разлика од нив јас не можам да го трпам ова самоволие и слична тортура од г-динот Душко и неговите истомисленици. Се откажувам од работата која ја извршував со љубов и достоинство, но не и од моите пријатели и другари кои благодарение на мојата фудбалска и судиска кариера се во прилично голем број. За жал, малку од нив се вистински. Можеби во некоја далечна иднина во судиската организација ќе имаат потреба од луѓе како Стефче Шулески, па повторно ќе сорабоуваме. А дотогаш, со среќа на сите колеги. Не дозволувајте некој да си игра со Вашиот интегритет, образот нема цена, барем јас така мислам…“, се вели во соопштението на Шулески. – стои во соопштението од охридскиот судија.
OhridNews