Во 2010 година во Охрид, од страна на претстедателот Илче Ѓорески и група ентузијасти, беше формиран фолклорниот ансамбл „Филиграни“. За сите овие 10 години, бројни генерации и околу 500 членови допринеле ансамблот континуирано да го афирмира македонскиот фолклор и да ја негува традицијата и културните вредности на нашиот народ.

Во моментов околу 100 активни играорци и музичари во „Филиграни“ се распоредени во четири возрасни групи. Главен кореограф е Борче Сотироски, поранешен играорец во националниот ансамбл  „Танец.” Од неодамна во рамки на ансамблот постои и мажоретен состав, кој е единствен во регионов.

Во текот на изминатите десет години, ансамблот имаше бројни гостувања во повеќе градови во Србија, Бугарија, Сиеделце, Виеличка, Краков и Варшава во Полска, Плзен во Чешка, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција, Словенија или вкупно околу 70 турнеи.

Покрај турнеи надвор од Македонија, членовите на ансамблот изведуваат и концерти за странските туристи во охридските ресторани и хотели, презентирајќи ја македонската култура, песни и ора.

Ансамблот секоја година е домаќин на реномираниот интернационален фестивал „Разиграно Оро“. На фестивалот што се одржа во 2011 година учествуваа над 2000 учесници.

OhridNews