Најуспешниот охридски спортски колектив сезонава, КК АМАК СП не се пријави за учество во новоформираната Балканска, кошаркарска лига (БИБЛ), која ќе стартува на 8 октомври годинава, а ќе ја сочинуваат 10 екипи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Романија.

За учество во новоформираната лига се пријавија четири екипи од македонското првенство. Две од внатрешноста, финалистите Струмица и Фени Индустри , како и две екипи од главниот град Ф. Работнички и  Вардар О.

Дел од условите за учество во лигата е задолжителната котизација од 10.000 евра, како гаранција дека ќе ги одиграат сите натпревари во лигата.

Кошаркарската федерација на Македонија ќе ги испрати апликациите во Софија, Бугарија, каде ќе биде седиштето на БИБЛ.

Бордот на БИБЛ конечна одлука кој ќе ја претставува нашата земја во ова натпреварување ќе ја соопшти пред ждрепката на групите, која е закажана за 7 јуни во Софија.

М.Постоловски