Охридскиот Акцијашки клуб „Брег на младоста“ деновиве е домаќин на акцијашки средби на кои учествуваат стотина акцијаши од Белград, Скопје , Куманово и Охрид. Меѓу нив се и оние кои пред 30 години придонеле за изградбата на водоводот Охрид- Метропол, патот Охрид – Ресен и ископувањето на Охридскиот амфитеатар.

Акцијашите ги посетија местата каде вложиле дел од својата младост и ентузијазам,  како и музејскиот комплекс Залив на коските, Куќата на Робевци, катедралната црква „Света Софија“, населбата Канео.

Беа реализирани и две работни акции за чистење на крајбрежјето, а дружењето се заокружи со потпишување декларација за збратимување помеѓу Здружението на акцијаши ,,Брег на младоста“ од Охрид и Здружението на граѓани „Акцијаш“ од Белград, Република Србија.

OhridNews