Туристичката понуда на Охрид од оваа година ќе биде збогатена со уште една интересна содржина, преку настанот „Над Езерото – Охридски вински салон 2024“ наменет за хедонистите и љубителите на доброто вино во организација на Канео Ресторан.

На настанот е најавено учество на повеќе од 30 винарии и дестилерии, веќе афирмираните и добро познатите големи винарии, но и интересни мали семејни вински подруми.

Настанот има за цел да ја промовира винската култура, да ги сплоти производителите на вино и да го приближи македонскиот вински идентитет до домашната и странската публика.

Настанот е наменет за сите љубители на вино, и претставници на ХОРЕКА секторот, кои ќе имаат можност за дегустација, едукација и размена на контакти. Покрај македонските винарии и дестилерии на настанот ќе земат учество македонските локални производители на храна и претставници на „Slow Food“, а манифестацијата ќе биде збогатена и со забавна програма, со настапот на Агни Авшар квинтетот.

Инаку, со купената влезница во износ од илјада денари, сите посетители добиваат можност за неограничена дегустација на вино, вински дестилати и понудената храна, истакнуваат организаторите.

Охридскиот вински салон „Над Езерото“ ќе се одржи денес на Долни Сарај, од 18 часот до полноќ