Сезона е се бара кревет повеќе. Во центарот одамна нема слободни соби, а сместување се бара и во периферните делови од градот. Скокнаа и цените па така под 350 денари тешко се наоѓа соба.
Во населбата Кошишта кога слегувате од Горна порта кон Воска наидовме на интересна слика. На плоча од недоизградена куќа поставен е шатор кој изгледа прилично комотно. Не знаеме дали домаќините го поставиле како алтернатива за топлите соби во кои навечер тешко се спие или го „рентаат“ шаторот. Можеби куќата им е преполна гости па шаторот е привремено решение за две три души. Кој знае…
Г. Момироски