По повод Светскиот ден на туризмот, на традиционалната манифестација што Министерството за економија ја организира секоја година, министерот за економија Крешник Бектеши додели над 50 признанија за најуспешните поединци, здруженија и деловни субјекти од туристичкиот сектор, во повеќе различни категории како: хотел, со поткатегориите: спа, градски, езерски, планински и нова инвестиција; ресторан; сместувачки капацитет од физичко лице; туристичка агенција генерално и  агенција за дојдовен туризам; туроператори; манифестација; туристички водич, како и најдобар проект од областа на туризмот.

Меѓу наградените се најдоја низа туристички работници и хотели од Охрид и Струга. Во категоријата најуспешни СПА хотели е хотел Изгрев од Струга, во поткатегоријата најуспешни хотели за езерски туризам се Макпетрол Струга, Лаки хотел и СПА Охрид и хотел Силекс.Во поткатегоријата нова туристичк апонуда во делот на хотелиерството е охридскиот хотел Уникат. Во потпактегоријата најуспешни сместувачки капацитети од физички лица признанија добија Ново Плаканоски и Горан Трајков од Охрид. За најуспешна туристичка манифестација признание доби фестивалот Охрид Колинг, а признание за придонес во туризмот му е доделено на проф. Д-р Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство.

Министерот Бектеши информира дека минатата година земјата ја посетиле вкупно 998.841 туристи и се реализирале 2,8 милиони ноќевања. Во првото полугодие од оваа година бројот на туристите е зголемен за 16.4 %, а само во јуни се бележи зголемување на туристите за 20.7 %. Изразено во апсолутни бројки, во првото полугодие влегле вкупно 433.361 турист, односно вкупно 923.855 остварени ноќевања. Бектеши додаде дека на пагот сме на своевиден рекорд од осамостојувањето до денес –  до крајот на годината да се надминеме бројката од 1 милион туристи и да се остварат 3 милиони ноќевања.

Што се однесува до признанијата, за првпат годинава, покрај туристичките работници преку своите деловни здруженија,  предлози за најуспешните во споменатите категории можеа да даваат и самите потрошувачи, поточно туристите, согласно распишаниот конкурс кој траеше до 9 септември.

OhridNews