Се комплетира мозаикот за 24-то издание на интернационалниот музички фестивал Охрид фест – Охридски трубадури 2017. Во повеќе студија во Македонија се снимаат песните за фолк и поп вечерта а исто така во завршна фаза е и проектот за сценографијата. Утврдени се и термните на одржувањето на фестивалот – 5, 6,7 и 8 септември и неговата локација – кеј на Охридското Езеро, веднаш до хотелот Нова Ривиера, информира организаторот.
Во завршна фаза е и комплетирањето на списокот на странските пејачи кои ќе настапат на интернационалната вечер – Маја Николиќ (Србија), Маја Оџаклиевска, Валентино (БиХ), Нуша Деренда (Словенија), Кристијан Рахимовски-Кики (Хрватска)…..
На Фолк вечерта со премиерни песни ќе се претстават Благица Павловска, Горан Кукиќ, Петар Нечовски, Ленче Кукиќ, Милан Секуловски, Нино Величковски, групите, Скопски боеми, Соната и други. Во рамки на оваа вечер своја шоу програма ќе имаат членовите на групата Биоритам.
На pок вечерта ќе се најдат дваесетина нови композиции кои ќе ги исполнат Ристо Самарџиев, Ѓоко Ѓорчев, Влатко Илиевски, Џокси,
Лена, Пепа, Моротов бенд, Горан Наумовски, Лена, Денис Димовски, групите Камелеон, Џентлмен и други.
Интернационалната пограма на фестивалот ќе ја пренесуваат десетина странски телевизии.
OhridNews