По 11-годишна пауза  се враќа староградскиот мелос. Во петок, на 26-ти овој месец во Центарот за култура “Григор Прличев ” ќе се одржи фестивалот на Охридски староградски средби. Фестивалот  се обновува на иницијатива на Центарот за култура, а со финансиска поддршка од Министерството за култура.

Фестивалот ќе започне во 20 часот, а како претходница, во 18 часот учесниците ќе продефилираат низ охридската чаршија.
Покрај женската пејачка група “Ахрида” и музичката група “Езерски вез” од Охрид и ансамблот на народни песни и игри “Танец”,   најавено е учество на повеќе пејачки групи од Битола, Свети Николе, Гевгелија, Струмица и Радовиш.
       
Охридските староградски средби  се одржуваа од 1975 до 1996 година. По 11-годишната пауза, директорката на охридскиот Центар за култура, Драгана Боцеска, се надева дека оваа манифестација ќе продолжи да се организира секоја година.

                                    А. Ристоска