Ќе се афирмираат вредностите на староградскиот мелос и посетителите ќе имаат можност да уживаат во звуците на старите охридски песни, но и песните создавани во градовите низ земјава и кои со децениии се пееле и пренесувале од генерации на генерации.
Во рамки на годинешното издание ќе настапат 150 учесници од познати музички состави од Охрид, Струга, Прилеп, Радовиш, Штип, Виница, Струмица, Куманово, Скопје и од други македонски градови.
Организатор на Охридските староградски средби е Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, а програмата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.