Охридскиот спорт неколку години нанзад има статус на пациент кој се наоѓа во длабока кома,без надеж дека успешни ќе бидат обидите за негова реанимација.Надеж дека сепак може да дојде до  заздравувањето на пациентот(спортот)донекаде ни даваат случувањата од оваа есен. Хронолошки тоа изгледаше некако вака. Спортските херои од минатат натпреварувачка сезона, ракометарите на Климент Охридски дури по интервенција на федерацијата и локалните власти добија зелено светло да ја започнат втората суперлигашка сезона.За потсетување Р.К. Климент Охридски во дебитанската суперлигашка сезона имаше забележителна улога.Во тимот целосно се афирмираа неколку играчи , кои стигнаа и до поширокиот репрезентативен список.

Пред почетокот на првенството спонзорот на глубот, Кире Колески, го прекина финасирањето со барање градот да преземе дел од трошоците. Екипата по сите перипетии се собра на два дена пред првиот натпревар и со оглед на околностите одигра добра полусезона. Чудно е што се направи желбата и спортската воља на Горан Андоноски и неговите момчиња. Во Охрид беа поразени Тутунски,Тиквеш и Пелистер. Победата над битолскиот великан во ракометните кругови одекна како вистинска сензација.


Погледот на табелата пред зимската пауза вели дека Р.К.Климент Охридски е на последното место на табелата со минус од два бода од местото кое значи  опстанок во суперлигашката конкуренција. За да се оствари оваа цел потребни се две квалитетни засилувања, тимот да спроведе навремени подготовки и да се имаат на ум зборовите на Горан Андоноски, дека е многу полесно да се остане во суперлигата отколку да се влезе во неа.

И кога помисливме дека во салата Билјанини извори ќе гледаме само ракометни натпревари во октомври се случи кошаркарска револуција.Компанијата АМАК-СП и нејзиниот сопственик г.Венко Шапкар во спортското семејство ја вклучија и кошарката.Проектот кошаркарски клуб АМАК-СП кој беше амбициозно најавуван не ги постигна очекуваните резултати.


Тимот се собра на 20-тина дена пред стартот на шампионатот,сите останати подготовките ги почнаа уште во средината на јули.Не беше  најсреќен ниту изборот на странските засилувања,во првите седум кола низ АМАК-СП поминаа еден куп играчи со сомнителен квалитет,по што отказ заработи спортскиот директор Лазар Лечиќ-засилувањата беа негова задача.Лазо не си замина сам од Охрид,друштво му правеше тренерот Будимир Јоловиќ на чие место е доведен Босанецот Душан Вишњевац.Тренерската смена беше помалку задоцнета реакција,бидејќи тимот веќе ја фати удолницата,беше во серија од пет последовни порази, а подоцна серијата на неуспеси ја зголеми на осум.Капак на се беа несреќните порази во Гостивар и Кавадарци,во дуелите со Маврово односно Фени индустри, кои дополнително ја разнишаа и онака кревката самодоверба кај играчите.

Во пресрет на последните три кола АМАК-СП  серијата порази ја прекина против аутсајдерот Карпош Соколи. Со оваа победа тимот се наоѓа на седмата позиција со две победи помалку од Фени кои се наоѓа на толку посакуваната позиција која води во суперлигата која значи разигрување за шампионската титула.

Да се разбере, е нема да биде голема трагедија доколку тимот игра во плеј аут лигата но само доколку кошарката се наоѓа во волгорочните планови на нејзиниот сопственик. Секако немој да помислите дека ги заборавив Петар Наумоски и Врбица Стефанов двете големи имиња на МАК кошарката-кои иако не заиграа како Што на големо се најавуваше беа добра реклама за кошаркарскиот клуб АМАК-СП.


Речиси истовремено со промоцијата на АМАК-СП спортската јавност дозна дека во Охрид  се врати и женската кошарка во името на Билјана 006.Оваа екипа во составот има неколку поранешни кошаркарки на Профитнес и Кимико и барем до сега во оваа скусена лига добро им оди. Предводени од весна Балазоска и Бугарката Ели Георгиева тимот се наоѓа во серија од пет победи што со натпревар помалку од конкурентите му го носи третото место на табелата и му гарантира дека ќе влезе во трка по шампионската титула. Во овој текст за екипната спортска есен збор два и за по малку подзаборавените. Илинден е закован на дното на второлигашката табела, но затоа  Ф.К.Охрид кој се натпреварува во југозападниот регион  на полусезоната има импресивен учинок, во 13 кола забележа исто толку победи.   

За поединечните спортови во друга прилика.

Ненад Цветанов
(авторот е спортски новинар)